Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Куманово, Велес и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати.
Досега во земјата се направени вкупно 2.182.473 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.075, бројот на оздравени пациенти е 334.249, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 262.