А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

44 илјади евра украдени од куќа во Тетово

by А1он25/10/2014 - 12:2470
Share0

Околу 44 илјади евра биле украдени вчера од куќата на А.М.(67) што се наоѓа на улица „Цветан Димов“ во Тетово информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Според неговите податоци, засега непознати сторители вчера во периодот меѓу 9 и 20 часот додека немало никого во куќата насилно ја отвориле дрвената влезна двокрилна врата по што од кожена женска чанта што ја нашле во спалната соба на катот одзеле повеќе парчиња златен накит, ќустеци, алки, лири, комплет ланчиња, како и поголема сума евра и швајцарски франци и незабележни од никого ја напуштиле куќата.

– Според пријавата на сопственикот, вкупната штета од оваа тешка кражба изнесувала 43.900 евра. Полицијата извршила увид при што пронашла и подигнала одредени траги за вештачење и работи на откривање на сторителите, рече Јосифовски.

Ова е втота тешка кражба во полошко оваа недела откако пред неколку денови од куќа на жител на гостиварска Долна Бањица била одземена поголема количина златен накит во вкупна вредност од околу 70 илјади евра.

Јосифовски посочи дека една од активностите на СВР Тетово во овој период се и состаноците со граѓаните и граѓанските советодавни групи во тетовско- гостиварскиот регион посветени токму на самозаштитата на граѓаните од провални кражби.

Во досега одржаните триесеттина состаноци една од главните препораки до граѓаните е соодветно да ги обезбедат своите пари и накит доколку подолго време отсуствуваат од домовите, рече Јосифовски.

mvr

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен