Во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје – Тетово, во близина на клучка Мирковци, возило „БМВ“ управувано од Р.П.(44) од с.Сарај, скопско, излета од патот.
На местото на несреќата почина возачот Р.П., а лекар од Итна медицинска помош констатира смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид изврши увидна екипа од СВР Скопје.
