43 нови пациенти во ковид центрите во Скопје во изминатото деноноќие

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 252 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 22 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравен пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 23 пациент со симтоми на корона вирусот. Ковид центарите на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за Гастроентерохепатологија се затворени од денес.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти. Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 611 и има околу 530 празни болнички кревети.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти. Во болницата во Штип е хоспитализиран 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 52 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 20 во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски