427 лица заразени со Ковид-19 се на болничко лекување

Од:

Во периодот од 6 до 12 декември, тестирани се вкупно 17.997 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,2% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,8% до 13,7%, просечно 11,2%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.024; 49,0%), со неделна инциденца – 161,5/100.000.

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.136 (54,4%) лица од женски и 954 (45,6%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции, со намалување од 35% во однос на претходната недела.

Пријавени се 66 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 2,9% во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (26).

Во однос на возраста, најголем број (87,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7) и 40-49 години (1).

Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 427 лица (7,4% помалку во споредба со претходна недела), а од нив 247 се на кислородна поддршка (8,3% повеќе во споредба со претходна недела) и 13 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (идентично во споредба со претходна недела).

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски