ВИДЕО: Добивале по две гласачки ливчиња, а се потпишувале на еден список на избирачко место во Охрид

Од:

На избирачко место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња, за претседател и за градоначалник, а гласачите се потпишувале само на изводот на избирачкиот списокот за локалните избори.

Членот на Државната изборна комисија, Радица Ристеска кажа дека станува збор за избирачко место во селска средина каде според неа станува збор за ненамерна грешка бидејќи откако забележале од избирачкиот одбор се коригирале. Таа побара да се пребројат јавно гласовите за кандидатите за претседател за да се воочи разликата, зошто има 42 потписи на списокот, а 82 гласачки ливчиња во кутијата за претседател.

Забуната, како што рече таа, настанала поради двојните избори во Охрид, за градоначалник и за претседател.

Од ДИК констатираа дека има вкупно 82 ливчиња од кои 23 за Пендаровски, 1 за Река и 51 за Сиљановска и 7 неважечки ливчиња.

Приговорот беше прифатен, а гласањето поништено.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?