Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 435 лица сомнителни и потврдени за Кovid -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1012 и има околу 750 празни болнички кревети.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 9 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, a на Клиниката за Детски болести имало 6 приеми. На Институтот за физикална медицина немало примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 150 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 128 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 124 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 13 болни.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 577 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 77 болни, а во Куманово 68 пациенти
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 48, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 60 пациенти, во Кочани 22 во Кичево 15, Кавадарци 30, а во Гевгелија 7 лица.