416 нови случаи на Ковид-19, починале седум лица

Од:

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на Ковид-19 (позитивни резултати имале 15.37 отсто од направените тестови).

Новозаразените се регистрирани во: Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно седум починати лица. Починати се тројца пациенти од Скопје на возраст од 61, 66 и 86 години, двајца пациенти од Струга на 53 и 73 години и по еден смртен случај од Охрид на 69 години и Кавадарци на 84-годишна возраст.

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 42009, активни 2818
Куманово 5329, активни 240
Тетово 5234, активни 210
Прилеп 4746, активни 230
Гостивар 3682, активни 122
Штип 3552, активни 79
Битола 3304, активни 127
Велес 3244, активни 218
Охрид 2995, активни 352
Кавадарци 2864, активни 379
Струмица 2608, активни 147
Струга 2303, активни 159
Кочани 1767, активни 57
Кичево 1745, активни 76
Свети Николе 1097, активни 25
Гевгелија 1060, активни 100
Неготино 1017, активни 73
Дебар 777, активни 53
Ресен 769, активни 64
Крива Паланка 755, активни 45
Радовиш 737, активни 49
Делчево 692, активни 205
Берово 617, активни 34
Пробиштип 517, активни 16
Виница 503, активни 26
Валандово 333, активни 10
Демир Хисар 254, активни 11
Македонски Брод 249, активни 10
Кратово 245, активни 21
Богданци 228, активни 6
Крушево 227, активни 37
Демир Капија 226, активни 45
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 4
Дојран 92, активни 12

Направените 2705 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-204, Биотек-589, Жан Митрев (Филип Втори)-159, Систина-214, лабораторија Лаор–146, МАНУ-84, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-52, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 567, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-6, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски