41 нов случај на Ковид-19 во земјава

Од:

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19, соопштува Министерството за здравство на својот фејсбук профил.

По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1300, а последната дистрибуција по градови е:

 Скопје – 439
 Куманово – 353
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –131
 Тетово – 65
 Струга – 55
 Велес – 62
 Битола –17
 Охрид –15
 Кавадарци – 5
 Гостивар –14
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-5
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 28
 Пробиштип – 2
 Кичево – 3
 Неготино -3
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 1
 Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Преку ИЈЗ –437, преку Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –20, Биотек –49, Филип Втори (Жан Митрев) –90 и Систина со PCR метода -30. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив 23 на кислородна поддршка и 5 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти и 7 се приклучени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13, информира на фејсбук, Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски