40 денари за првиот час за паркирање во Охрид

Од:

Повторно ќе се наплаќа за паркирање во Охрид и оваа туристичка сезона.

Но, наместо 50 денари за еден час како што беше до пред само една недела, цените за паркирање во Охрид ова лето ќе бидат пониски.

Градот ќе биде поделен на две зони за паркирање, зона А и зона Б. Зона А го опфаќа централното градско подрачје, улицата „Македонски просветители“ наспроти маркетот Тинекс, „Кеј Маршал Тито“ до хотел Палас, додека останатите улици со кои стопанисува градот ќе биде Зона Б.

Во центарот на градот цената за паркирање ќе биде 40 денари за парвиот час, додека 30 денари за вториот и третиот час.

Во зона Б, за првите два часа ќе се наплаќа 30 денари, додека понатаму 20 денари. Од Јавното претпријатие „Билјанини извори“ од советот на општината ќе побараат да се прошири зоната А за паркирање.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство