395 нови позитивни случаи, вкупно 21 починат

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

• Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6 починати лица од Скопје на возраст од 85 години, 85 години, 80 години, 75 години, 72 години и 68 години, двајца починати од Велес на 71 и 66 години и по едно починато лице од Битола на 22 години, Македонски Брод на 75 години, Радовиш на 67 години, Куманово на 90 години и Струмица на 66 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште седум починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, две починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица четири се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

• Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121,Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар иВиница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево иМакедонски Брод – по 1.

• Направени се 3.595 тестови преку: ИЈЗ-303, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175,Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-167, Биотек-190, Систина-60, лабораторија Лаор-241, Синлаб-35, Ремедика-13, Плодност–61, Генеа-11, Никоб лаб-362,ВФВ Медикал-93, Ели Медика-60, Ројал Медика –13,Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) –вкупно 1.452.

Досега во земјата се направени вкупно 1.339.824 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762, бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска