39-годишен Македонец загина во сообраќајка во Србија

Од:

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад-Суботица, државјанин Македонија загина, додека друг се здоби со тешки телесни повреди, потврдија од Полициската управа на Суботица.

Возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот, а потоа се превртело.

Во несреќата загинал сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) бил тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица, каде што ја прима потребната медицинска помош.

Сообраќајната полиција и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица биле на местото на настанот.

Полицијата во Суботица наведува дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот превоз.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он