38-годишен охриѓанец измами граѓани од Виница и Штип за над 3,5 милиони денари

Од:

Триесет и осумгодишен охриѓанец заврши во притвор. Тој се товари за измама на шест лица во Штип и три во Виница, со што се стекнал со над 3,5 милиони денари. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека расчистени се девет сторени кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни незгоди.

– На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид, се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До Основното јавно обвинителство (ОЈО)- Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор.

Според првичните информации 38 годишниот П.С се јавил на оглас за работа и во телефонски разговор од страна на непознато лице му било посочено дека за одредена сума на пари треба да оди на посочени локации и да зема пари, пратки, по што ги оставал на друга локација. Измамите на територија на Штип, Кочани и Виница периодов беа зачестени, а жртви беа повозрасни граѓани, кои одговарале на телефонските повици дека на нивни блиски им требаат пари,за да не одговараат за учество во сообраќјани несреќи или дека под итно им се потребни операции од страна на лекар.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра