37-годишна жена од Тетовско физички нападнала две девојки

Од:

Две девојки на 23 и 24 години пријавиле дека 37-годишна жена физички ги нападнала откако претходно се расправрале со нејзиниот сопруг. Причина за расправијата била сообраќајна незгода.

Полицијата бележи физичка пресметка во угостителски објект, како и закани по живот за жена од сопругот.

-Во СВР Тетово вчера 24-годишната Б.О. од тетовско Нераште и 23-годишната А.С. од тетовско Слатино во СВР Тетово пријавиле дека околу 15 часот во Нераште физички биле нападнати од 37-годишната В.Т. од ова село, откако претходно вербално се расправале со нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Тетовската полиција вчера бележи физички пресметка околу 20 часот помеѓу сопственик на угостителски објект и гостин.

-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на улица „121“ во Тетово, со физичка пресметка помеѓу С.С.(24), сопственик на објектот и Ќ.Ц.(38), кој престојувал во објектот, двајцата од Тетово. На пресметката и претходела нивна меѓусебна вербална расправија во угостителскиот објект. Двајцата инволвирани во тепачката приведени се во Полициската станица Тетово и се расчистува случајот, соопшти СВР Тетово.

Педесет и едногодишна жителка на тетовско село вчера во 14 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 14 часот нејзиниот 56-годишен сопруг ја навредувал и се заканувал по животот. Пријавениот, еден час подоцна, лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа