Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 15 починати лица.
Седум починати лица се од Скопје на возраст од 44 години, 54 години, 61 година, 67 години, 71 година, 73 години и 94 години, по две починати лица од Кавадарци на возраст од 37 и 72 години и Радовиш на 51 и 79 години, по едно починато лице од Кратово на 93 години, Куманово на 92 години, Прилеп на 82 години и Крива Паланка на 78 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20.11.2021 до 24.11.2021. Регистрираните починати лица се од Кочани и Струга. Починатите се на возраст од 74 и 77 години. Двете лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.676, бројот на оздравени пациенти е 198.755, на починати е 7.528, а бројот на активни случаи изнесува 8.393.