36 пациенти се примени во ковид центрите во Скопје во изминатото деноноќие

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 470 лица со КОВИД -19 се лекуват на инфективните оддели во главниот град – информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 14 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени двјца нови болни, исто колку и во ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 11 болни. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 24 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

Вкупно 470 пациенти со КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски