36 нови пациенти во ковид центрите во Скопје во последните 24 часа

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 306 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 76 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациент.

Би можело да ве интересира

Се чека согласност за вакцините на „Фајзер“ да стигнат од Србија

Ана Ололовска

183 нови случаи на Ковид-19 од 1466 тестирања, починати се шест лицa

Ана Ололовска

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 604 пациенти, слободни кревети има

Ана Ололовска

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти

Ана Ололовска

За неносење маска 385 санкции

Ана Ололовска

Намален бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, на инфективните одделенија има слободни легла

Ана Ололовска