36-годишник од Лојане загина на автопатот Табановце-Куманово

Од:

36-годишен жител на кумановското село Лојане го загубил животот на атопатот Табановце-Куманово откако со автомобил излетал од патот информира Министерството за внатрешни раобти.

-На 12.12.2022 околу 01.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од с.Лојане, липковско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал А.А се наведува во соопштението од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва