Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се седум починати лица.
Две починати лица се од Скопје на возраст од 36 и 74 години. По едно починато лице има од Тетово на 60 години, Битола на 67 години, Прилеп на 70 години, Кочани на 70 години и Пробиштип на 67 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Како што информира МЗ, од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а бројот на активни случаи изнесува 2.445.