35 нови хоспитализирани во Скопје, во ковид центрите на лекување се 636 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 261 лице се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 6 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 15 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 375 пациенти. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 42 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 50, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 48, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 636.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска