35-годишен пациент од Македонска Каменица и 39-годишник од Скопје починаа од Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица.

Шест починати лица се од Скопје на возраст од 39 години, 71 година, 74 години, 77 години, 80 години и 81 година, двајца починати од Куманово на возраст од 75 и 80 години и по едно починато лице од Берово на 77 години, Битола на 69 години, Велес на 71 година, Македонска Каменица на 35 години и Ресен на 76 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четири починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се – двајца од Скопје, по едно од Струмица и Битола.

Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски