35-годишен маж ги подметнал пожарите во Куманово

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишник поради продолжено извршување на – Тешки дела против општата сигурност.

„Постои основано сомнение дека осомничениот на 2 декември, во раните утрински часови, со умисла извршил повеќе поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на исто дело и со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот, при што настапила поголема имотна штета.

Откако претходно во пластични шишиња набавил бензин од бензинска пумпа во Куманово, тој намерно предизвикал пожари на неколку локации во Куманово, каде запалил три патнички моторни возила и еден објект – фотокопирница која се наоѓа во состав на станбена зграда.

Мотивите за извршување на делото се испитуваат, но исклучено е дека повод била меѓуетничка нетрпеливост. Доказите до овој момент не укажуваат на инволвираност и на други лица.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија