34-годишна жена и малолетник повредени во верижниот судир на Партизанска синоќа

Од:

34-годишна жена и нејзиниот малолетен сопатник биле повредени синоќа во верижниот судир на четири автомобили на Партизанска во скопско Влае. Повредените веднаш биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„На 23.01.2021 во 21,30 часот на булеварот Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ’Митсубиши’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.М. (34) од Скопје, патничко моторно возило ’Опел’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ. (23) од с.Буковиќ, скопско, патничко моторно возило ’Сеат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (30) од Скопје и патничко моторно возило ’Рено’ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(23) од Скопје. По незгодата Ј.Т.М. и нејзиниот малолетен сопатник од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники ’Мајка Тереза’ каде од доктор им биле констатирани повреди. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.

Четирите автомобили се судрија во близина на бензинската станица на „Макпетрол“ во правец кон Ѓорче, а очевидците веднаш јавија дека има повредени.

Би можело да ве интересира

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

25-годишен маж загина во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Хрватска, загинаа четири лица

Возач во Москва удри во група пешаци, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Автомобил излета од пат близу Прилеп, повредени се двајца малолетници