34-годишен тетовец доби 30 дена притвор, полицајците во долната облека му нашле 45 грама марихуана

Од:

Б.Р од Тетово, кој беше приведен вчера во Тетово откако полицијата му пронајде марихуана, доби 30 дена притвор, информираат од СВР Тетово.

Кај 34-годишникот, за кого во соопштението на МВР се истакнува дека е “инаку познат на полицијата за слични дела,“ биле откриени 45 грама марихуана. Притворот му го изрекол судија во претходна постапка, велат од полицијата.

СВР Тетово вчера соопшти дека на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатната рампа Желино, полицајците го лишиле од слобода Б.Р., по што го претресле него и автомобилот „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, а марихуаната била откриена во долната облека на осомничениот.

Уште две други лица биле приведени подоцна вечерта, по претрес во стан и куќа во Тетово, при што биле најдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер кесички.

Би можело да ве интересира

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски