Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 262 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти и уште 10 на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 5 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти. На ГАК нема хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 354 пациенти. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 616.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 44, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.