33-годишниот пациент кој почина од Ковид-19 имал тешка пневмонија

Од:

Триесет и тригодишниот пациент кој починал во ГОБ „8 Септември“ бил со прекумерна телесна тежина, а вирусот направил тешка билатерална пневмонија, информираат од Министерството за здравство.

Тој бил хоспитализиран на почетокот од месецот, во болница се лекувал две недели, од самиот прием бил со ниска сатурација и за цело време на неинванзивна механичка вентилација.

„Покрај сета друга терапија, пациентот примил и конвалесцентна плазма и озон, но и покрај сите напори на лекарите да му го спасат животот, тој вчеравечер починал“, велат од Министерството.

Тој е еден од починатите 29 лица кои се во денешната статистика на Министерството за здравство.

Починати се дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78, 78, 48 и 64 години), двајца пациенти од Куманово (63 и 82г.), тројца пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), двајца пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).

Вкупната бројка на починати лица во земјава како последица на Ковид-19 изнесува 2254.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска