326 санкции за брзо возење

Од:

Во текот на вчерашниот ден (21.8.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 326 возачи.

Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Крај за дивеењето во сообраќајот: Возило ќе се одзема за брзини над 70 км/ч во населено место

Акција на Агенцијата за храна: Поделени казни и забрани, а уништена е и храна во угостителски објекти покрај училишта

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Изминатиот викенд полицијата напиша 1.711 казни