32 мигранти пронајдени стуткани во комбе кај Марвинци

Од:

Во близина на валандовското село Марвинци вчера полициски службеници пронашле 32 мигранти, кои биле во комбе „Пежо Боксер“, соопшти денеска МВР.

– Вчера во 06:00 часот на магистралниот пат во близина на с.Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер“. По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти, се наведува во соопштението на Министерството.

Известен е јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он