30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 23 на вонреден технички преглед

Од:

Денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, извести МВР.

– При контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, исклучени од сообраќај се пет возила кои вршат јавен превоз. Изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за технички неисправни возила, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја