30 нови пациенти во ковид центрите во Скопје во последното деноноќие

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 256 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и
7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примени 6 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 411 пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 667.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болен, а во Куманово 53 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 73, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 6 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13.

Би можело да ве интересира

СМС пораки ќе добиваат сите што ќе се пријават за вакцина на vakcinacija.mk, се надградува системот

Маја Илиевска-Пачемска

33 починати од Ковид-19, регистрирани 949 новозаразени

Жарко Настоски

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1762 пациенти

Ана Ололовска

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 64 пациенти

Ана Ололовска

Од индикаторите ќе зависи дали ќе продолжат рестриктивните мерки и по 20 април, најави Филипче

Ана Ололовска

Владата преку кампања ќе ја подигнува свеста за потребата од вакцинација

Ана Ололовска