30 лица се изгубиле денеска на Попова Шапка, тројца се повредени

Од:

Вкупно 30 лица биле изгубени во текот на денот поради појавата на магла и намалената видливост на Попова Шапка. Од Ски-центарот „Попова Шапка“ информираа дека тие се пронајдени, а тројца од нив биле повредени.

„Повредените беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување“, соопшти ски-центарот.

Претходно МВР информираше дека полициски службеници спасиле девет лица кои се изгубиле на Попова Шапка.

Фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Со ратрак евакуирани група млади од Попова Шапка

Катерина Павлова-Николовска

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов

Вработена во тетовската болница пријавила физички напад од колега

Ана Ололовска