30 градоначалници од Турција во посета на Гостивар

Од:

Гостивар беше домаќин на 30 градоначалници на турски општини, јави порталот Локално.

Делегацијата ја пречека градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи а целта на посетата беше продлабочувањето на соработката на турските општини со општини од Македонија во општо, а посебно со општина Гостивар во која имало неколку инвестиции и донации, а последно од низата е камионот за собирање и превезување отпадоци.

На присутните им се обрати и генералниот секретар на Унијата, Хајретин Ѓунѓор, кој исто така изрази оптимизам за понатамошната соработка на унијата со општина Гостивар.

За добрата соработка и соживотот во Гостивар, говори и фактот за унапредувањето на употребата на турскиот јазик во општинската администрација во Гостивар.

Во знак на благодарност, градоначалникот на Гостивар на секретарот и претседателот на советот на Унијата, им подари плакети со грбот на општината.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план