30-дневен притвор за скопјанецот кој возеше пијан и предизвика сообраќајка во Ново Лисиче

Од:

Судот му одреди 30 дена притвор за 21-годишниот скопјанец, осомничен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби возачот на другото возило, а со тешки повреди се здоби неговата 15-годишна ќерка. Т.М. возел под дејство на алкохол и со недозволена брзина, покажа истрагата.

„На 26 јануари околу полноќ, осомничениот управувал автомобил „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки на булеарот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон сообраќајните прописи – со автомобилот управувал со брзина поголема од 50 километри на час што е максимално дозволена во населено место и под дејство на алкохол со концентрација од 0,57 промили алкохол во крвта. Кога се приближил до крстосницата со сервисна улица која води кон трговскиот центар „Лиса“, тој навлегол во крстосницата на вклучено црвено светло кое означувало забрана за минување во неговиот правец на движење.

Со предниот дел на возилото осомничениот удрил во страничниот лев дел на автомобил „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кој се движел од сервисната улица кон булеварот. При несреќата, возачот на автомобилот „Фолксваген“ се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот, се здобила со тешки телесни повреди“, соопшти Oбвинителството.

Би можело да ве интересира

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода