30-дневен притвор за 19-годишник за полов напад

Од:

Деветнаесетгодишник од Тетово кој беше приведен поради сомнение за полов напад врз 14-годишно девојче, доби 30 дена притвор. Во текот на вчерашниот ден мерката ја определил судија во претходна постапка при Основниот суд Тетово.

-Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против Н.Н.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Н.Н. на 1 март годинава околу 14 часот во влез од зграда на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, допирал по тело малолетничка од Тетово и се обидел да изврши обљуба врз неа, информира тетовската полиција.

Мината недела за истото сомнение иста мерка од 30 дена притвор доби и 61-годишно лице од Тетово.

Би можело да ве интересира

Славонец пред истражителите призна дека силувал овца, кобила и мртва кокошка

Уапсен е 17 годишник во Ниш под сомнение дека силувал 14 годишно девојче

А1он

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Кевин Костнер e обвинет за силување

34-годишен маж силувал 14-годишно девојче

Македонски државјанин е осомничен дека се обидел да силува девојка во Белград