30 дена притвор за насилник кој со нож рани двајца малолетници

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје уапсиле малолетник од скопското село Ласкарци.

Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор „Скопје“ за издржување на мерката.

Би можело да ве интересира

Божиновиќ: Извршителот на нападот во училиштето во Загреб имал ментални нарушувања

Во Загреб утре е Ден на жалост поради трагичниот напад во основното училиште Пречко

Горан Наумовски

Мајката на напаѓачот од Загреб вели: „Го молев докторот да не го пушта бидејќи не е за пуштање“

Горан Наумовски

Божиновиќ: Напаѓачот од Загреб имал психички нарушувања

Горан Наумовски

Мета на убиецот од Загреб била наставничка

Убиеното дете во Загреб имало само седум години, напаѓачот сам се повредил

Горан Наумовски