28 нови случаи на Ковид-19, починати се пет лица

Од:

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп – 1.

Пријавени се вкупно пет починати лица: тројца од Скопје на возраст од 61, 75 и 79 години и по едно лице од Куманово на 45 години и Струга на 72 години.

Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 23 оздравени пациенти од: Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1.

Направени се 2.619 тестови преку: ИЈЗ-189, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–27, ЦЈЗ Куманово–49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија 12, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–43, МАНУ-72, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-221, Биотек-314, Систина-131, лабораторија Лаор-300, Синлаб-35, Ремедика-41, Плодност–63, Генеа–18, Никоб лаб-222, ВФВ Медикал-39, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 537.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68592, Активни 212
Куманово 8857, Активни 47
Прилеп 8315, Активни 34
Тетово 7222, Активни 21
Битола 6299, Активни 15
Велес 5469, Активни 2
Гостивар 5180, Активни 15
Кавадарци 5153, Активни 2
Охрид 5008, Активни 16
Штип 4959, Активни 2
Струмица 4113, Активни 8
Струга 2981, Активни 4
Кочани 2789, Активни 5
Кичево 2570, Активни 22
Гевгелија 2195, Активни 4
Неготино 2184, Активни 4
Свети Николе 1523, Активни 2
Ресен 1234, Активни 1
Крива Паланка 1220, Активни 1
Радовиш 1161, Активни 8
Берово 1029, Активни 1
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 10
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 375, Активни 2
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 2
Дојран 132, Активни 0

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.

Би можело да ве интересира

Нови 8 заболени од 3.265 тестирања и ниту еден починат од коронавирусот

Ландов

Стресот од пандемијата отвори проблем во говорот кај децата

Ландов

Во 10 града во земјава нема заболени од Ковид-19, бројот на активни случаи падна на 351

Катерина Павлова-Николовска

Потврден е уште еден случај на индискиот сој коронавирус во земјава

Катерина Павлова-Николовска

Еден починат и четири нови случаи на Ковид-19

Можен нов бран на короната и силен притисок врз медицинарите веќе на есен во Македонија

Кристијан Ландов