28-годишник загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

Од:

Вечеравечер, неколку минути пред полноќ на патот Битола-Ресен возило излета од патот при што тешки телесни поврди здобил совозачот кој починал на патот кон болницата во Битола информира Министерството за внатрешни работи. Смртта ја констатирал лекар од болницата.

– На 28.11.2022 во 23.55 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано „Макази“, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(21) од Ресен, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М.(28) од с.Јанковец, ресенско, кој на пат кон Клиничката болница во Битола починал, а смрт констатирал лекар од болницата. Со телесни повреди се здобила С.Ш. се вели во известувањето од МВР.

Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко