28-годишна медицинска сестра од Кичево почина од Ковид-19

Од:

Дваесет и осум годишна медицинска сестра вработена во кичевската Општа болница, почина од компликации од Ковид 19. Таа со тешка клиничка слика пред три дена била префрлена на скопските клиники, каде што и починала. Била вработена во матичната служба, потврдија од Општата болница во Кичево, од каде информираа дека сестрата не била вакцинирана против Ковид 19.

Ова е трет случај на починат од ковид за краток период во овој град, откако претходно починаа двајца постари жители на градот 72 и 74 години.

-И во трите случаи пациентите починале во болниците во главниот град, потврдија од кичевската болница.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска