Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 459 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, по еден пациент на ОРЛ и на Клиниката за неврологија и тројца на Очната клиника. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 10 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на
Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 21 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.
Вкупно 459 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.