26 сообраќајки викендов во Скопје

Од:

26 сообраќајки се регистрирани во изминатите четири дена на подрачјето на Скопје, во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а 25 се полесно повредени. Во девет сообраќајки е причинета само материјална штета.

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на девет сообраќајни незгоди, од кои три се со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле три лица, а шест се со последица материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата се регистрирани шест сообраќајки во кои полесно се повредени 16 лица.

Од деветте сообраќајни незгоди што се случиле во неделата, во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца мотоциклисти, а со телесни еден сопатник на мотоцикл, во четири со полесни повреди се здобиле седум лица и три незгоди се со последица материјална штета.

Вчера е извршен увид на две сообраќајни незгоди во кои со телесни повреди се здобиле две лица.

Во изминатите четири дена сообраќајната полиција санкционирала 19 возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица поминале на црвено светло на семафор, а 24 возачи не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон.

Санкционирани се и 74 возачи без возачка дозвола, односно нерегистрирано возило, пет возачи почетници сториле прекршоци по разни основи, а пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие четири дена отстранети се 137 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“  во општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство