256 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 256 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 19 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, 68 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

Маж поврден од заталкан куршум кај Арачиново

Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со нож нападнал скопјанец

Средовечен скопјанец се замозадоволувал во автобус на ЈСП

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов