25 нови пациенти примени во ковид центрите во Скопје за 24 часа

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 25 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 251 лице се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 28 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 414 пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 655.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 50 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 65, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациент, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 37, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13.

Би можело да ве интересира

46 лица ја загубија битката со коронавирусот во последните 24 часа, регистирани се 687 нови случаи

Катерина Павлова-Николовска

65 нови пациенти во ковид центрите во Скопје за 24 часа

Катерина Павлова-Николовска

Прилеп, Битола и Куманово покрај Скопје се градовите со најалармантна Ковид-19 статистика

Бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво и натаму висок, благо намалување кај новозаразените

1092 нови случаи на Ковид-19, починати се 32 лица

Катерина Павлова-Николовска

ВМРО-ДПМНЕ на нов протест пред Министерството за здравство: Имаме 4150 починати лица, тоа е како да го снема Крушево

Катерина Павлова-Николовска