25-годишна девојка загина во тешка сообраќајка на регионалниот пат Битола-Кичево

Од:

Попладнево во 16:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост” се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби 25-годишната Ј.Г. која живее во демирхисарското село Белче.

Од СВР-Битола вечерва соопштија дека во сообраќајната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од 33-годишниот Б.Г. од селото Белче, демирхисарско. Тој изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25) од село Белче каде од страна на Итна медицинска помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница-Битола констатирани се тешки телесни повреди.

Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола, а од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа