25-годишен скопјанец обвинет за криење на марихуана во куќата на својот дедо

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против 25-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 16 јануари, во куќата на неговиот дедо во Чаир, неовластено заради продажба држел 105,55 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во 23 зипер-ќесички.

При претресот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетото лице, која претходно беше определена од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Процесот против полицајците за „Пулс“ ќе продолжи, реагира Обвинителството по промената на Трајчева

Катерина Ѓуровски

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Краделе кабли од „Железара“, направиле штета од стотици илјади денари

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство