249 пациенти со Ковид-19 на Инфективна, интерните клиники и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ

Од:

Вкупно 249 пациенти со Ковид-19 се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во Модуларната болница, во Ковид центрите на интерните клиники и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ.

Од нив, како што информираат од Министерството за здравство, 100 пациенти се хоспитализирани и се лекуваат од Ковид -19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а 66 се хоспитализирани во Модуларната болница.

Во Ковид центрите на интерните клиники во изминативе 24 часа се примени 17 пациенти на Клиниката за неврологија и 12 во центарот на Клиниката за кожни и венерични болести. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ се хоспитализирани вкупно 54 пациенти, посочија од Миистерството заздравство и додаваат дека болнички капацитети има доволно и ниту еден пациент кој има потреба од хоспитализација не е вратен, ниту ќе биде вратен од било која болница во земјава.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски