24 сообраќајки викендов во Скопје

Од:

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 24 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 10 сообраќајни незгоди со телесни повреди и 13 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 11 лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 81 возач управувале возило со брзина поголема од дозволената, 13 возачи се санкционирани поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, а 34 возачи биле исклучени од сообраќајот бидејќи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради технички неисправни возила од сообраќајот исклучени се три возила и санкционирани се 23 возачи коишто, исто така, управувале нерегистрирани возила.

Еден пешак е санкциониран бидејќи поминал коловоз надвор од пешачки премин, шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и по еден возач се санкционирани поради неправилно престројување и неправилно престигнување. Во текот на изминатиот викенд издадени се 190 мандатни платни налози, додека 153 возила се подигнати со „пајак“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски