24-годишно момче е повредено во пукањето во Арачиново

Од:

Еден повреден е биланост од синоќешното пукање во селото Арачиново. Повредениот кој е на возраст од 24 години е пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од Министерството за внатрешни работи не соопштија повеќе детали и информираа дека работат на расчистување на случајот

„На (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во информацијата од МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје