24-годишната тетовка која почина од Ковид-19, немала хронични заболувања

Од:

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава која ја изгуби битката со коронавирусот.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, за „А1он“ објаснува дека девојката немала претходни хронични заболувања и дека нејзината состојба нагло се влошила.

„Девојката била болна една недела пред да биде примена на клиниката. Имала покачена температура, малаксалост и отежнато дишење. Откако се јавила кај матичниот лекар, ѝ биле давани инфузии, но состојбата не се подобрувала. Поради тежината на клиничката слика, по четири дена, беше префрлена кај нас, со ниска сатурација и отежнато дишење. Одредено време имаше подобрување. Потоа состојбата нагло се влоши и таа почина како резултат на јако попуштање на срцето и белодробна тромб емболија. И покрај преземените мерки за лекување во тесна соработка со кардиолог, пациентката подлегна на болеста“, вели Стевановиќ, додавајќи дека ги примениле сите можности за лекување.

Таа појаснува дека ова е прв случај да настапи смрт кај млад човек како последица на јако попуштање на срцето и белодробна тромб емболија, нешто што се случува најчесто кај постарите пациенти, дотолку повеќе што девојката немала хронични заболувања.

Токму од тие причини, а со цел да се направи обид да не се повтори нешто слично, докторите од Инфективната клиника доколку добијат согласност од семејството, би направиле дополнителни анализи и испитувања за да утврдат зошто настапила смртта кај толку младо лице, како последица на Ковид-19.

Во последниве 24 часа од коронавирусот починаа 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Досега во земјава се регистрирани 376 смртни случаи како последица на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска