24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две продолжени кривични дела – Тешка телесна повреда.

Во период од 4 до 7 март, во семејниот дом во Визбегово, осомничениот 24-годишник со умисла во повеќе наврати вршел семејно насилство и со тупаници, клоци и тврд предмет и нанел тешки телесни повреди на оштетената негова вонбрачна партнерка и нејзините две малолетни деца на возраст од 10 и 4 години.

Тој континуирано физички ја напаѓал жената, на која и нанел повеќе скршеници и други повреди. Кај помалото дете со тепање предизвикал хематом на црниот дроб, контузии со хематоракс на белодробно десно крило, лузни на лицето и отсуство на заби во устата, додека кај постарото предизвиканите тешки телесни повреди се животно загрозувачки скршеници на коски на череп. Со тешкото семејно насилство сакал да ги натера парите од просење да му ги носат нему.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

По целосно прибирање на доказниот материјал, не е исклучена можноста и за потешка правна квалификација на делото.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Скопјанец е осомничен за физички напад, силување и закани кон 22-годишна жена

Горан Наумовски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски