23-годишната девојка која почина од корона, имала и тумор на лимфно ткиво што било причина за смртта

Од:

Девојката на возраст од 23 години заразена со коронавирус, починала како последица на хематолошката малигна болест. Таа се лекувала на Инфективната клиника во Скопје, но не се споделуваат детали за тоа колку време и со каква клиничка слика била примена. Од Министерството за здравство за „А1он“ велат дека станува збор за невакцинирана пациентка.

„Од УК за инфективни болести информираат дека станува збор за невакцинирана пациентка, со дијагноза non hockin limfom во одмината фаза од болеста и смртниот исход е последица на хематолошката малигна болест“, велат од МЗ за „А1он“.

Според официјалните информации, девојката имала тумор на лимфно ткиво. Како и дали состојбата се искомплицирала поради коронавирусот, нема одговор.

Пациентката е една од четирите починати лица со коронавирус, кои влегоа во денешната статистика со новите 770 заразени лица.

„Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Радовиш (73г) и Крива Паланка (66г). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 20.06.2022 -28.06.2022г“, стои во денешната статистика.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска